Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во Москва се сретна со претставници на руската војска и државната компанија за атомска енергија во обид да се воспостави тампон зона околу украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија.
Руската компанија Росатом разговорот за мерките потребни за заштита на оваа нуклеарна централа и околниот регион го опиша како „суштински, корисен и искрен“.
Гроси посочи дека се потребни дополнителни преговори. Веќе повеќе од три месеци тој ги повикува Русија и Украина да договорат безбедносна зона околу најголемата нуклеарна централа во Европа.
Видете и ова: Руски напади во Донбас, бомбардирана болница во ЗапорожјеПровинцијата Запорожје и областите во близина на реката Днепар спроти нуклеарната централа беа под постојани руски артилериски напади. Украинските власти постојано повикуваа на формирање на демилитаризирана зона околу електраната, која беше заземена од руските сили на почетокот на војната.
Гроси во ноември изјави дека главните прашања за кои се разговара е воената опрема и радиусот на безбедната зона и дека предлогот на МААЕ е многу едноставен: „Не пукајте во централата, не пукајте од централата“.
Иако сите шест реактори на централата се исклучени, јадрото на реакторот и потрошеното нуклеарно гориво сè уште треба да се оладат за да се спречи нивното прегревање и предизвикување опасни дефекти.