Претседателството на Босна и Херцеговина денеска ја избра Борјана Кришто (ХДЗ) за мандатар на идниот состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина за периодот 2022 – 2026 година.
Претседавачот Жељка Цвијановиќ (СНСД) и членот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ (СДП) гласаа за назначувањето на Кришто, додека Жељко Комшиќ (ДФ) беше против.
Видете и ова: Борел: Се надевам дека лидерите на земјите од ЕУ ќе го потврдат кандидатскиот статус на БиХБорјана Кришто не се појави во Претседателството на БиХ, па не ја претстави својата програма пред тричлениот колективен шеф на државата. Кришто сега по минатите безбедносни проверки и официјално ќе го започне процесот на избор на нови државни министри.
„Новиот Совет на министри мора да биде важен иницијатор на бројни процеси во контекст на забрзување на евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина“, рече Кришто.
Коалицијата на државно ниво (Осморка, СНСД и ХДЗ) најави дека во рекордно време ќе формира нов Совет на министри на Босна и Херцеговина.