Дојави за бомби во 13 училишта во Скопје

илустрација

Нови дојави за поставени експлозивни направи се примени денеска на електронските адреси во 13 училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се антитерористичките проверки.

„Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите,“ наведуваат од МВР.

Видете и ова: И скопскиот аеродром цел на хибридни напади, информиран е НАТО

Во изминатиот период повеќето училиштата беа мета на дојави за бомби и сите тие се покажаа како лажни. Дојави за бомби имаше и во некои трговски центри, железничката станица, станбени објекти, па дури и на скопскиот аеродром.

Од Владата деновиве најавија формирање на нов оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани, кој ќе биде во координација со меѓународните партнери од безбедносниот сектор за размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани.