Руски напади во Донбас, бомбардирана болница во Запорожје

Украински војници пукаат со артилериски систем Пион врз руските позиции во близина на Бахмут, регионот Доњецк, 16 декември 2022 година

Украинските сили возвратија на бројните напади на московските трупи на исток, додека Русите гаѓаа болница во регионот Запорожје со артилериски оган во изминатите 24 часа, соопшти денеска Генералштабот на украинската, прецизирајќи дека украинската војска одбила напади на 16 локации во источниот регион Доњецк и Луганск. Во областа Запорожје, руските сили нападнале болница во Хулјаипол, соопшти украинската војска, но засега нема извештаи за жртви.

Борби беснеат на исток на Украина, Зеленски го посети Бахмут

Украинската војска ги погоди руските позиции со воени авиони и артилерија, соопшти Генералштабот, додавајќи дека соборила три руски беспилотни летала. Тврдењата не можеа да бидат независно проверени. Во меѓувреме, украинскиот оператор на електричната мрежа, Укренерхо, објави „значителен недостиг на електрична енергија“ и ограничувања предизвикани од нападите со проектили и беспилотни летала. Русија ја напаѓа енергетската инфраструктура и другите цивилни цели во Киев и другите делови на земјата со роеви камикази беспилотни летала како дел од очигледната стратегија за обид да ги замрзне Украинците и да го деморализира населението.

Зеленски: нема да има компромис во војната против Русија

На 21 декември, за време на вчерашната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден објави нов пакет за безбедносна помош за Украина од 1,85 милијарди долари, кој вклучува батерија за противвоздушна одбрана Патриот, еден од најнапредните такви системи. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека системот е „способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно предвидените“ системи за противвоздушна одбрана. Сепак, остана нејасно кога толку потребната батерија Патриот ќе пристигне на фронтот во Украина, бидејќи украинските сили мора да поминат обука за да научат како да управуваат со неа. Обуката, која се очекува да се одржи во Германија, може да трае неколку месеци, соопшти Пентагон.