Поранешниот директор на Управата за царина и приходи, Раде Милошевиќ, бил уапсен на 21 декември по налог на Специјалното државно обвинителство под сомнение дека создал криминална организација. Милошевиќ на почетокот на октомври беше приведен во истрагата на Специјалното обвинителство и Агенцијата за национална безбедност поради сомнение дека бил дел од организиран синџир што шверцувал дел од цигарите, кои државата ги запленила во Слободната царинската зона на пристаништето Бар, а кои комисијата требало да ги уништи. Потоа, по повеќечасовен информативен разговор со полицијата за наводниот шверц на цигари, бил пуштен на слобода. Неколку дена подоцна, Милошевиќ, кој е функционер на Граѓанското движење УРА на премиерот Дритан Абазовиќ, поднесе оставка од функцијата директор на Царинската управа за, како што наведе, морални причини.
Абазовиќ - Шверцот на цигари преку пристаништето Бар е клинички мртов
Секоја година повеќе од две милијарди цигари се шверцуваат преку пристаништето во Бар и стигнуваат до пазарите во Европа, изјави во март британската амбасадорка во Црна Гора Карен Медокс, поради што, како што наведе, економиите на Западен Балкан губат повеќе од 300 милиони евра приход годишно.