Шефот на МААЕ Гроси во Москва

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси денеска ќе ја посети Русија на разговори за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, објави новинската агенција РИА Новости, повикувајќи се на рускиот претставник во меѓународната институции во Виена.

Москва предложи безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје

Нуклеарката, на територијата окупирана од Русија, беше под повеќекратни г напади за кои секоја страна ја обвини другата, што ги зголемува стравувањата од нуклеарна катастрофа. Кремљ вчера соопшти дека претседателот Владимир Путин не планира да разговара со Рафаел Гроси за време на неговиот престој во Русија.