Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека барикадите на северот на Косово ќе бидат отстранети кога Косово ќе ја формира Заедницата на српски општини (ЗСО).
„Прво формирајте ја Заедницата на српски општини, а потоа ќе ги отстраниме барикадите“, изјави Вучиќ за новинарите во Азербејџан каде имаше средба со претседателот Илхам Алиев.
Видете и ова: КФОР - Неприфатливо е насилството на северот од КосовоСпоред Вучиќ, Приштина не сака ниту да слушне, ниту да слуша, туку само да го понижува Белград.
Тој оцени и дека однесувањето на КФОР е многу пофер од однесувањето на повеќето западни влади.
„Тие (КФОР) сериозно и одговорно ја третираат ситуацијата“, рече Вучиќ.
Тој побара објаснување од Приштина во врска со апсењето на поранешниот полицаец на косовската полиција Дејан Пантиќ, наведувајќи дека на Белград не му се познати причините за неговото апсење.
Кризата во северно Косово почна кога локалното српско население подигна барикади во знак на протест против апсењето на Пантиќ.
Косовските власти наведуваат дека тој е осомничен за организирање „терористички напад“ врз канцеларијата на Централната изборна комисија на северот на 6 декември.
Видете и ова: Вучевиќ: најавата за насилно отстранување на барикадите е општа закана за СрбитеКФОР претходно соопшти дека го засилил своето присуство на граничниот премин Јариње поради можно присуство на „организирани криминални групи“.
Косовските власти тврдат дека имаат капацитет да ги отстранат барикадите, но дека му даваат време на КФОР да го направи тоа на мирен начин.