Скопската општина Аеродром е населено место со најмногу жители. Во општината живеат 75.108 жители. Аеродром има повеќе жители од големите градови како Куманово, Битола, Прилеп, Тетово...
Аеродром е на прво место и по бројот на домаќинства. Ова скопска општина има и најмногу станови, и најмногу млади. Меѓу општините со млади до 14 години се и скопски Чаир, Куманово и Тетово. Скопските општини Карпош и Центар и градовите Битола, Прилеп, Велес и Охрид, пак се со најмногу старо населени на возраст од 85 години и нагоре.
Во главниот град Скопје, пак, живеат 526.502 жители, има 171 171 домаќинство и 213 850 станови.
Пописот спроведен во 2021, а чии резултати почнаа да се објавуваат во март годинава, покажа дека во Македонија има вкупно 1 781 населени места, а 205 се празни населени места. Има 684 населени места со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.