Лидерот на полската владејачка партија Право и правда, Јарослав Качински изјави дека Варшава треба да земе длабок здив кога станува збор за помошта во оружје за Украина. „Поддршката на Украинците е приоритет, но мораме да размислуваме и за нашиот одбранбен потенцијал. Нашата прва задача е да ја елиминираме или барем радикално да ја намалиме можноста на војната да се прошири и во нашата земја“, рече Качињски во интервјуто за новиот број на провладиниот неделник Газета полска. Иако, според Качински, Русија во моментов не планира да го прошири конфликтот во Украина во други земји, тој предупреди дека ризикот секогаш постои.
Бајден- Малку е веројатно проектилот што експлодира во Полска да е истрелан од Русија
Уште пред рускиот напад на Украина во февруари оваа година, Полска брзо се вооружуваше, а сега уште повеќе го зголеми своето темпо и има намера да одвои три отсто од својот БДП за вооружување и модернизирање на својата армија следната година. Според проценките на порталот Политико, полската армија по конвенционални сили наскоро би можела да биде трета најсилна во Европа и, меѓу другото, поради големите набавки на оружје не само од САД, туку и од Јужна Кореја и Европа.