Полицијата соопшти дека во Северна Митровица синоќа биле пријавени две експлозии. Нема информации за повредени или материјална штета, како и официјални информации што ги предизвикало. Радио телевизија Србија јави дека се претпоставува оти станува збор за уништување на пиротехнички средства. Се додава дека „полициските патроли се лоцирани на неколку точки во мешаните области како што е Бошњачка Маала, но и на патот меѓу Митровица и Звечани“, како и дека „Кризниот штаб на српскиот народ“ најави дека за утре е закажан протест за кај барикадите во Рударе.
Страв, несигурност и недостиг на производи на северот на Косово
Една од експлозиите, според Здружението на новинари на Косово била во близина на телевизискиот тим „Теве1“. „Здружението на новинари на Косово ја изразува својата длабока загриженост за ситуацијата создадена на северот на земјата и ги повикува сите колеги да бидат дополнително внимателни при известувањата од овој дел. Воедно, Здружението бара од надлежните органи да преземат соодветни мерки новинарите да можат да ја вршат својата работа без да бидат загрозени или попречени“.