Илон Маск: Си одам од Твитер штом најдам некој доволно глупав да ме замени

Илон Маск

Милијардерот Илон Маск изјави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на Twitter Inc штом најде негова замена, но сепак ќе раководи со некои клучни делови на платформата за социјалните медиуми. „Ќе поднесам оставка од функцијата извршен директор штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата! После тоа, само ќе ги водам тимовите за софтвер и сервери“, напиша Маск на Твитер. Преземањето на Твитер од 44 милијарди долари од страна на Маск во октомври беше обележано со хаос и контроверзии, при што некои инвеститори се прашуваат дали тој е премногу расеан за правилно да управува со својот производител на електрични возила Tesla Inc, во кој тој лично се занимава со производство и инженерство.

Анкетата на Маск покажува дека 57,5 отсто сакаат тој да се повлече од функцијата шеф на Твитер

Ова е првпат Маск да спомене повлекување од функцијата шеф на платформата за социјалните медиуми, откако корисниците на Твитер гласаа за негова оставка на анкетата, која милијардерот ја објави во неделата. Во анкетата, 57,5% од околу 17,5 милиони луѓе гласале „за“. Маск рече дека ќе се придржува до резултатите. Тој не даде временска рамка за тоа кога ќе се повлече и не е именуван наследник.