Мицкоски: Чувствувам одговорност што застанав позади Данела Арсовска

VMRO-DPMNE president Hristijan Micskoski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност бидејќи застанал позади градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која, според него, се покажала како слаб менаџер. Тој обвини дека во Скопје функционира коалиција помеѓу Арсовска и СДСМ, која е „деструктивна за животот на Скопјани“.

„Коалицијата е се поочигледна и наместо да работат, тие се зафаќаат со растурање на пердуви и лаги, изјави Мицкоски, обвинувајќи дека Арсовска и СДСМ „седат во иста канцеларија, договараат стратегија да глумат дека се напаѓаат, а во исто време да работат за исти интереси“.

Во врска со изјавата на Арсовска дека Мицкоски и се заканувал, тој рече дека е „згрозен и шокиран од таквите лаги“, обвинувајќи ја скопската градоначалничка дека наместо да работи за Скопје се фокусира на лаги.

„Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денеска да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување. Наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции“, рече Мицкоски.

Скопјани во „менгеме“ меѓу Арсовска и партиите

Арсовска победи на ланските локални избори за градоначалничка на Скопје како независен кандидат, но со поддршка на опозицијата. Сепак пред неколку месеци таа ја изгуби поддршката на ВМРО ДПМНЕ, по директорсите смени во Водовод и наводите за местење тендер, а потоа и со протестите на автобуските превозници. ОД ВМРО ДПМНЕ побараа да си даде оставка.