Ангелов: Ќе се еутанизираат бездомните агресивни кучиња кои нема да бидат вдомени

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов

Приоритет на заловувањето на агресивни кучиња, нивно вдомување или евтанизација, прочистување, вакцинација, стерилизација и чипирање на останатите бездомни кучиња, како и засилени контроли за откривање на вистинитоста при нападите од бездомни кучиња, ова се дел од се дел од точките кои се разговараат на координативните состаноци за бездомни кучиња во Центарот за управување со кризи.

„Секаде онаму каде што имаме кучиња за коишто ќе има пријава дека се агресивни, дека напаѓаат, истите треба да добијат приоритет при заловување, потоа тие треба да бидат прочистени, вакцинирани, стерилизирани, чипирани и да се обидеме за нив да најдеме сопственик. Откако ќе најдеме човек којшто ќе ги прифати овие кучиња, тие ќе бидат предадени, но во краен случај кога некој нема да сака да вдоми одредено агресивно куче, со претходно утврдено вештачење од страна на овластен вештак, истите ќе бидат евтанизирани и нема да бидат вратени на улица. Се работи за мал број на детектирани агресивни кучиња“, истакна Ангелов.

Заробен стационар, заглавен закон - Скопје „врие“ од бездомни кучиња

Тој додаде дека зголемен е бројот на лажни пријави за напади од бездомни кучиња при што рече дека е побарано од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да вршат засилена контрола на вистинитоста на нападите. Посочи и дека има случаи кога одредени општини ги собираат кучињата во комбиња и ги носат на територијата на друга општина, а го нагласи и проблемот со сопствениците кои ги напуштаат кучињата што ги чувале и рече дека истите треба да бидат пријавени.