Руските власти сакаат да ја затворат најстарата организација за човекови права

Министерството за правда на Руската Федерација

Министерството за правда на Руската Федерација побара затворање на Московската Хелсиншка група, објави денеска организацијата за заштита на човековите права.

„Министерството за правда поднесе барање до Градскиот суд во Москва за распуштање на Московската Хелсиншка група и забрана на нејзините активности на територијата на Русија“, стои во соопштението на веб-страницата на организацијата.

Московската Хелсиншка група е последна во низата граѓански организации кои беа затворени или потиснати во Русија, тренд што се интензивираше со офанзивата во Украина.

Руската Дума усвои закон кој забранува ЛГБТ пропаганда за сите возрасти

Министерството ја обвини оваа невладина организација дека го нарушува нејзиниот правен статус со вршење активности надвор од московскиот регион.

„Министерството смета дека овие груби прекршувања се законски непоправливи и поради тоа смета дека е неопходно да се ликвидира организацијата“, се вели во соопштението.

Државната новинска агенција Интерфакс пренесува дека портпаролот на московскиот суд рекол дека барањето поднесено на 20 декември сега се разгледува. Московската Хелсиншка група е основана во 1976 година за време на советската ера и е најстарата невладина организација за човекови права која работи во Русија.