Граѓаните до Народниот правобранител најмногу се жалат од судството и извршителите

Народниот правобранител - Насер Зибери

Во однос на заштита на човековите права во областа на правосудството, најголемиот број на претставки до институцијата Народен правобранител доаѓаат, токму од оваа област, односно судството, правосудството, со под областите – основни судови, извршители, адвокати и нотари.

„Таа бројка, со денешниот пресек не ја знам, но сигурно е над 400 претставки, од кои скоро половината се однесуваат на работата на извршителите. Значи судовите и извршителите доминираат по бројот на претставки од граѓаните“, изјави Народниот Правобранител, Насер Зибери.

Спасовски - МВР поддржува борба против криминал и корупција

Зибери лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството.

„Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта. Мислам на Влада, Собрание, Судство тешко дека ќе има некое посериозно подобрување. Ние требаше да чекаме да ни сигнализираат и упатуваат критики од страна на Амбасадата на САД, ЕУ и т.н. за да се освестиме дека состојбата не е добра“, рече Зибери.

Годинава ќе заврши со над 3.000 претставки поднесени од страна на граѓаните, кои највеќе се жалат на судството и извршителите, но и потрошувачките и детските права.