Три лица загинаа во пожар на гасовод во Русија

Илустрација

Тројца работници во Русија загинаа при експлозија и пожар на голем гасовод што го транспортира рускиот природен гас од Сибир до Европа преку Украина на 20 декември, јавува Current Time, каналот на руски јазик кој го води РСЕ во соработка со Гласот на Америка.

Според властите во рускиот регион Чувашија можно е експлозијата да се случила поради истекување на гас.

Мистериозни пожари ја зафатија Русија

Ден претходно, пожар зафати наоѓалиште на природен гас во сибирскиот регион Иркутск, при што беа повредени седум лица, од кои две се во тешка состојба. Минатата недела во друг пожар предизвикан од експлозија во нафтена рафинерија во сибирскиот град Ангарск загинаа две лица, а уште пет беа повредени.