Собранието ја продолжува расправата за дополнетиот Предлог буџет за идната година

Македонско Собрание

Македонското Собрание денеска во 11 часот треба да ја продолжи започнатата расправа за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година. Вчера пратениците од опозицијата упатија критики за проекциите и планираните приходи и расходи, забележувајќи дека граѓаните се соочуваат со 20-процентна инфлација, дека нема доволно инвестиции во енергетиката и оти се трошат многу пари за увоз на струја.

Заврши амандмантската расправа, предлог-буџетот оди на пленарна седница

За пратениците од власта, пак, буџетот за следната година е одговор на последиците од светската економска криза, нуди поддршка за граѓаните и стопанството, ќе овозможи економски пресврт, развоен е и обезбедува стабилност и економски раст.За Предлог-буџетот беа поднесени вкупно 263 амандмани, од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година.