Министрите од ЕУ договорија ограничување на цената на гасот

Илустрација

Министрите за енергетика на Европската унија се договорија за ограничување на цената на природниот гас по неколкунеделни разговори за вонредната мерка додека ЕУ се обидува да ја скроти енергетската криза.

Ограничувањето е најновиот обид на ЕУ да ги намали цените на гасот, што ги зголеми сметките за енергија на граѓаните и доведе до рекордно висока инфлација оваа година, откако Русија го прекина најголемиот дел од испораките на гас во Европа.

Видете и ова: ЕУ се согласи да ги ограничи цените на енергијата, ама наскоро

Министрите се согласија да активираат ограничување ако цените надминат 180 евра за мегават час за три дена на предмесечниот договор на холандскиот центар за гас за транспорт (TTF), кој служи како европски репер.

Како што јавува новинската агенција Ројтерс која имала увид во договорот, ограничувањето може да се активира почнувајќи од 15 февруари 2023 година. Во наредниот период се очекува договорот да биде формално одобрен од земјите во писмена форма, по што ќе може да стапи во сила.