Брнабиќ: ситуацијата на Косово на работ на конфликт

Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека „и се чини оти Брисел и Вашингтон ги слушаат Србите од Косово само кога се на барикадите, но дури и тогаш не баш добро“. „Длабоко сум разочарана од нивното (Брисел и Вашингтон) разбирање за основните човекови права и демократски вредности и нивниот одговор на бројните провокации на Албин Курти“, рече Брнабиќ за Радио телевизија на Србија, наведувајќи дека „европските институции сите овие провокации немо ги гледаат". Таа предупреди дека „се плаши од ескалација", нагласувајќи: „Ќе направиме се за да го зачуваме мирот".

КФОР: Поради присуството на вооружени групи, зголемено нашето присуство на северот на Косово

Според нејзините зборови, Приштина „илегално ги уапсила Србите со цел дополнително да ги исплаши Србите и да предизвика ескалација“. Според неА, „ситуацијата е доведена на работ на конфликт, вооружен конфликт, мислам дека тоа е оценка на сите служби на Косово и Метохија и на сите оние кои го следат тоа што е се случува таму“.