Украинските власти соопштија дека Русија ја нападнала електричната мрежа и друга инфраструктура користејќи беспилотни летала камикази во денешниот напад врз Киев и неговите околни области. Првичните извештаи велат дека нема загинати, а само две лица се ранети во нападот на 19 декември, за кој воената администрација за регионот Киев рече дека користела повеќе од 20 беспилотни летала дизајнирани од Иран. Украинските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле околу 15 од беспилотните летала. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, пак, рече дека прелиминарните информации сугерираат дека нема загинати или повредени. Олескиј Кулеба, гувернер на поширокиот регион Киев кој го опкружува главниот град, изјави дека од нападите биле оштетени инфраструктурата и приватните куќи и дека две лица се ранети.
Зеленски - вратена струјата на скоро 6 милиони луѓе по последните руски напади
Скоро 10 месеци од нејзината инвазија на Украина, Русија користи ракети и беспилотни летала произведени од Иран за да ја загрози енергетската инфраструктура на Украина на национално ниво, како дел од очигледната стратегија да го деморализира населението. Во минатата недела Русија лансираше низа проектили и беспилотни летала против Киев и други украински градови, предизвикувајќи широки прекини на електричната енергија.