Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) синоќа соопштија дека поради можното присуство на вооружени групи на северот на Косово, го зголемиле присуството на нивните војници. „По координација со сите страни, од безбедносни причини, КФОР го зголеми своето присуство во Јариње. Ова зголемување е резултат на можното присуство на организирани криминални групи меѓу демонстрантите“, се вели во соопштението, во кое се подвлекува дека секогаш е важно „сите лица кои учествуваат на протестот да го изразат своето мислење на мирен начин, избегнувајќи непропорционално насилство, агресивни ставови и однесувања што може погрешно да се сфатат како провокација или непотребно насилство“.
Инциденти на собирот на ултрадесничари од Србија на преминот Јариње
Во соопштението се наведува дека КФОР е целосно фокусиран на секојдневното спроведување на својот мандат, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, „да обезбеди безбедна средина за гарантирање и слобода на движење, за доброто на сите заедници кои живеат на Косово“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вчера група демонстранти се собраа на преминот Јариње, меѓу Косово и Србија на територијата на Србија, во знак на поддршка за локалните Срби кои подигнаа барикади на северот на Косово. Тие извикуваа „Косово е срцето на Србија!“ и запалил транспарент на кој пишувало „Бриселски договор“. Тие носеа српски и руски знамиња и знамиња со натпис „Нема предавање“, а колоната ја предводеше транспарентот „Молете се на Бога и држете се до Русија“.