Прегазени мајка и ќерка на пешачки во Велес - возачот побегнал, девојчето починало

МВР

Автомобил со голема брзина удрил во мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, што што 11-годишното девојче починало на местото на несреќата, а жената е тешко повредена. Како што е соопштено, полицијата трага по возачот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес ноќеска извршил увид на местото на сообраќајна несреќа којашто се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, соопшти ОЈО Велес.

Како што се наведува во соопштението, насреќата се случила пред мајката и ќерката да се качат на тротоарот.

Откако ги удрил автомобилот, мајката паднала на земја и се повредила, а додека девојчето било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало.

Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

Дежурниот јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес извршиле увид на местото, подигнале траги и разговарале со очевидци на настанот, а веднаш е издадена и наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

Од Јавното обвинителство наведуваат дека по добиени сознанија за возилото и возачот причинител на сообраќајната несреќа, СВР Велес презема мерки за негово пронаоѓање.