Директорот на ЦИА изјави дека Русија не е сериозна за водење преговори за ставање крај на војната во Украина.
Коментарите на Вилијам Барнс, дадени во интервју за ПБС, беа негови први јавни коментари по состанокот со неговиот руски колега во Турција минатиот месец.
Запрашан дали студеното зимско време може да ги забави борбите и да отвори можност за разговори, Барнс рече:
„Не е наша проценка дека Русите се сериозни во овој момент за вистински преговори. Претходно оваа недела, Русија ги обвини Соединетите Држави дека немаат „конструктивен пристап“ кон разговорите.
Руската инвазија врз Украина започна во февруари оваа година.
Русија постојано вели дека е подготвена да одржи мировни преговори, но дека не ги гледа Украина и Западот кој го снабдува Киев со оружје, подготвени да го сторат тоа.