Хрватска го освои третото место во Катар, го победи Мароко 2:1

Светско првенство на ФИФА Катар 2022 година - Плејоф за трето место - Хрватска против Мароко - Меѓународен стадион Калифа, Доха, Катар - 17 декември 2022 година. Хрватот Јошко Гвардиол го постигнува својот прв гол.

Хрватска го обезбеди третото место на Светското првенство во Катар, откако вечерва ја совлада репрезентацијата на Мароко со резултат 2-1.

Јошко Гвардиол со глава го постигна својот прв гол на Светското првенство во седмата минута, но Ахраф Дари со глава израмни само една минута подоцна.

Сепак Хрватите го имаа последниот збор уште во првото полувреме кога Мислав Орсиќ од далечина постигна гол и ја доведе во предност својата репрезентација пред паузата.

Видете и ова: Четиринаесетгодишно момче загина за време на прославата по победата на Франција на Светското првенство

Ова беше втор пат тимовите да се сретнат во Катар откако одиграа нерешено без голови на отворањето на групата Ф на 23 ноември.

Додека Хрватска не успеа да стигне до финалето по поразот од Аргентина со 3:0, Мароко загуби со 2:0 од шампионот Франција во полуфиналето.

Утре ќе се одигра финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, меѓу репрезентациите на Аргентина и Франција.