Косовската полиција денеска соопшти дека во текот на ноќта од претходниот ден била поставена нова барикада на северот на Косово.
Новата барикада е поставена „во населбата Берџане што води кон Звечан“, се вели во полициското соопштение.
Во изјава за Радио Слободна Европа, полициските службеници за северниот регион велат дека состојбата во утринските часови на 17 декември била мирна.
Видете и ова: КФОР ќе го разгледа барањето за распоредување српски сили во северно КосовоПрипадниците на српската заедница поставија барикади на неколку локации на северот на Косово, по апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ на 10 декември на граничниот премин Јариње.
На Пантиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена поради сомнение дека учествувал во нападот во просториите на Централната изборна комисија во Северна Митровица.
Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља изјави дека станува збор за „терористички чин“.
Пантиќ, заедно со своите сонародници, на почетокот на декември ја напушти косовската полиција на север во знак на противење на одлуката на Владата да ги пререгистрира возилата од српски таблички на косовски таблички.