Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска изјави дека е „шокиран“ од одлуката на Апелацискиот суд Скопје за случајот „Таргет-Тврдина“, откако Судот одлучи да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” во која поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор.
Претседателот Пендаровски на Фејсбук напиша дека одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи.
„Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“, вели Пендаровски.
Видете и ова: Поништена пресудата за Мијалков во случајот „Трезор“ за опремата за прислушувањеСудот вчера одлучи случајот што се однесува на нелегалното прислушување да се врати на повторно судење, што е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација.
Претходно поранешниот шеф на тајната полиција (УБК) беше ослободен за случајот „Трезор“.
Мминистерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека смета оти треба Судот да објасни зошто се случило тоа.
Османи рече дека судовите треба да бидат потранспарентни.
„Доколку нема сериозна аргументација Апелација да објасни пред ЕК за одлуката, верувајте ќе бидат именувани и засрамени, но можеби имаат аргументи и затоа и јас не сакам да прејудицирам кои биле тие прекршувања во првостепена процедура бидејќи сепак ние треба и човековите права да ги почитуваме. Тоа е важен дел во нашето европеизирање“, изјави Османи.
Видете и ова: Заев и Димитров со осуда за поништувањето на пресудата за МијалковРеакции со осуда на ваквата одлука на судот дојде и од поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев, како и од поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.
Заев на Фејсбук напиша дека „двете поништени пресуди значат поттик за повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка“. Тој пишува дека на ваков начин се мотивираат и други да прават грозоморни дејствија.
„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?“, напиша Заев на Фејсбук.
Пораншениот министер за надворешни работи Никола Димитров како срамна за судството ја оцени одлуката на Апелација за случајот „Таргет-Тврдина“.
„И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг“, напиша Димитров.
Во Трезор-Тврдина првостепено беа осудени и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.
Апелациониот суд Скопје, вчера, ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.
случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, на поранешниот директор на УБК Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“