Иранските судови ја користат смртната казна за да ги запрат протестите

IRAN -- This UGC image posted on Twitter reportedly on October 26, 2022 shows an unveiled woman standing on top of a vehicle as thousands make their way towards Aichi cemetery in Saqez, Mahsa Amini's home town in the western Iranian province of Kurdistan

Најмалку 11 мажи се осудени на смрт во Исламската Република, а 24 други се соочуваат со обвиненија кои би можеле да доведат до смртна казна.

Тоа ги зголемува стравувањата од нови егзекуции, по неодамнешното бесење на двајца млади момчиња за нивното учество во протестите што го зафатија Иран.

„Комитетите за линч кои се маскирани во судови им се закануваат на луѓето со смрт за да влеат страв кај демонстрантите и да го уништат движењето за слобода во земјата“, изјави Хади Гаеми, извршен директор на Центарот за човекови права во Иран (ЦХРИ).

Во Иран започнаа протести и немири кои беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини.

На 8 декември, Иран ја изврши својата прва егзекуција на демонстрант од немирите, обесувајќи го Мошен Шекари, откако неговата жалба на казната беше одбиена од иранскиот Врховен суд.

Шекари наводно ранил офицер од обезбедувањето. Активистите предупредуваат дека најмалку десетина луѓе веќе се осудени на смрт на сослушувања зад затворени врати.

Илјадници Иранци излегоа на улиците низ целата земја откако Амини почина додека беше во полициски притвор во септември.

Таа беше приведена поради наводно неправилно носење шамија на главата. Иранската организација за човекови права со седиште во Осло вели дека бројот на егзекуции во Иран надмина 500 оваа година.