МВР формира посебен штаб поради дојавите за бомби

Северна Македонија - Полицијата и евакуација на хотелот Мериот во Скопје поради дојава за бомба, Скопје 16 декември 2022 година.

Во МВР е формиран посебен штаб поради дојавите за бомби во изминатиов период, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Очекувам да се свика и Советот за координација на којшто ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата“, изјави Спасовски.

Тој рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.

Периодов секојдневно се случуваат лажни дојави за бомби, во училишта и во други објекти.

Видете и ова: И скопскиот аеродром цел на хибридни напади, информиран е НАТО

Само вчера цел на дојави за бомби беа десет скопски и пет битолски училишта, како и Меѓународниот аеродром Скопје, СЦ „Борис Трајковски“, Националната арена „Тоше Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели.

Од објектот на хотелот „Александар палас“ беше откажана годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски изјави дека според интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во државава и во другите земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади.

„Кога се организирани со ваков интензитет, со толку широк опфат, со таргетирање на места, институции, објекти и градови со голем број на жители, каде што се повторува модело т(примерок) на пораки кои се исти во повеќе држави, а се исти во многу држави, тогаш може да се постави претпоставка дека се работи за хибридна војна

Откако вчера повеќе објекти беа евакуирани по дојавите за наводно поставена бомба, меѓу кои и скопскиот аеродром. Шефот на дипломатијата, шефот на дипломатијата Бујар Османи информираше дека НАТО е известен за проблемот со лажните дојави.