Бараж на руски ракети беше пријавен ширум Украина додека Киев соопшти дека Москва може да започне нова офанзива, а Кремљ го предупреди Вашингтон да не ѝ испраќа на Украина пософистицирано оружје.
Украинските власти известија за експлозии и ракетни напади во главниот град Киев, јужен Кривиј Рих, југоисточно Запорожје и североисточен Харкив.
Во Кривиј Рих, руска ракета погоди станбена зграда, при што загинаа четири лица, меѓу кои и едно дете, а повредени се најмалку 13 други, меѓу кои и три деца, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.
Видете и ова: Путин в понеделник во посета на БелорусијаЈугоисточниот град Запорожје бил погоден од околу 15 руски проектили, изјави регионалниот гувернер Олександр Старук, додавајќи дека инфраструктурата е оштетена.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм изјави дека градот е без електрична енергија откако тамошните власти соопштија дека три проектили ја погодиле критичната инфраструктура.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека има експлозии во најмалку четири области.