Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.
На почетокот на 2025 година, застаруваат делата на обвинетите за масовното прислушување, што би значело дека во рок од две години од сега, при повторување на постапката, ќе треба да се донесе нова првостепена пресуда и истата да стане правосилна.
Поништена пресудата за Мијалков во случајот „Трезор“ за опремата за прислушување
„Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна“, велат од скопска Апелација. Според Апелација, имало суштествени повреди поради кои не е точно утврдена фактичката состојба. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Претходно тој беше ослободен за случајот „Трезор“.