Украина собори 60 од 76 проектили истрелани од Русија во петокот, изјави врховниот командант на украинските вооружени сили. „Според прелиминарните податоци, утринава од регионите на Каспиското и Црното море, непријателот лансирал 76 проектили, од кои 72 крстаречки ракети (Х-101, „Калибр“, Х-22) и 4 ракети на наведување (Х-59) врз украинската критична инфраструктура“, напиша генералот Валериј Залужни на Телеграм. Најмалку две лица загинале кога била погодена станбена зграда во централна Украина, додека двата најголеми града Киев и Харкив останаа без струја и вода.
Русија истрела проектили врз Украина, нови прекини на струјата
Локалните власти и социјалните мрежи објавија дека експлозии се слушнале во главниот град Киев, во јужниот град Кривји Рих, во Запорожје и во североисточен Харков. Министерството за надворешни работи на Русија вчера предупреди дека доколку САД и испорачаат системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина, таквите системи и сите екипажи што ги придружуваат исто така ќе бидат легитимна цел на руската војска. Нападите насочени кон енергетската инфраструктура се дел од новата руска стратегија по неколку клучни загуби на руските сили на бојното поле во последните месеци.