Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, денеска ја оцени суспензијата на профилите на новинари на Твитер како „загрижувачка“ и го предупреди сопственикот на таа социјална мрежа, Илон Маск, дека наскоро ќе има „санкции“. Загрижувачка е веста за произволното суспендирање на профилите на новинарите на Твитер“, напиша Јурова на Твитер.
Претставен нов закон за медиумска слобода во ЕУ
Таа потсети дека законот за дигитални услуги, кој ЕУ треба да почне да го применува за технолошките гиганти од следното лето, бара почитување на слободата на медиумите и основните права. „Илон Маск треба да биде свесен за тоа. Наскоро има црвени линии и санкции“, рече таа. Загриженост изразија и Германците и Французите. „Слободата на медиумите не треба да постои и не постои по нечија дискреција“, објави германското Министерство за надворешни работи на Твитер над видеото од списокот со суспендирани сметки. „Затоа имаме проблеми со Твитер“, се додава во соопштението. Францускиот министер за дигитална транзиција, Жан-Ноел Баро, напиша дека „слободата на медиумите е во самиот темел на демократијата“.
Твитер ги суспендира новинарите кои пишуваа за сопственикот Илон Маск
Синоќа Твитер ги суспендираше сметките на десетина новинари кои пишуваат за социјалната мрежа и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу нив и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен и Гласот на Америка. Твитер не објасни зошто се симнати сметките на новинарите, а нивните профили и историјата на твитовите се отстранети. Но, Маск синоќа на Твитер ги обвини дека споделуваат приватни информации за неговите движења, кои ги опиша како „давање координати за убиство“.