Сите летови биле откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром, по што била преземена акција за евакуација на вработените и патниците. Исто така и вработените на „Ист Гејт Мол“ повторно денеска биле евакуирани по дојава за бомба.
Меѓу објектите кои денеска добиле дојава за поставени бомби се и ФФМ, хотелот „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, хотел „Мериот“.
Од МВР потврдија дека до сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека вакви дојави стигнале на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се наведува во соопштениет на МВР.
Нови дојави за бомби во неколку училишта во Македонија
Деновиве цел на дојави за бомби беа институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.
Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Кавадарци и Куманово. Полициската истрага покажала дека станува збор за лажни дојави.
Видете и ова: Лажните дојави за бомби доаѓаат од моќен центар