Путин в понеделник во посета на Белорусија

Владимир Путин и Александар Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин в понеделник ќе отпатува за Белорусија, која е сојузник на Русија во конфликтот со Украина, соопшти денеска прес-службата на белорускиот претседател. Путин ќе разговара со својот колега Александар Лукашенко во Минск за време на „работната посета на Белорусија“, се наведува во соопштението. Разговорите ќе се однесуваат на „руско-белоруската интеграција“, бидејќи двете земји имаат склучено повеќе договори за соработка на економски и воен план.

Белорусија нареди инспекција на борбената готовност на своите сили

„Претседателите ќе дадат приоритет и на безбедносните прашања и ќе разменат мислења за ситуацијата во регионот и во светот“, се додава во соопштението, во кое не се споменува конфликтот во Украина. Белорусија им служи на руските војници како заднинска база за офанзивата во Украина, која започна на крајот на февруари, но белоруската армија досега не учествуваше во борбите. Во средината на октомври, Белорусија и Русија најавија формирање на заеднички воени сили, кои, според Минск, биле исклучиво одбранбени.