Бомба експлодира на автопат во Турција додека комбе со полицајци минувал покрај во петокот, при што беа повредени девет лица, соопштија владини претставници. Две лица се приведени во врска со нападот, кој се случи во близина на градот Дијарбакир, населен претежно со Курди, во југоисточна Турција, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Турски авиони гранатираа курдски села во Сирија
Според канцеларијата на гувернерот на Дијарбекир, бомбата била поставена во паркирано возило во близина на пазар на кој се продава добиток.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Курдските милитанти беа одговорни за слични напади во областа во минатото. Исламистичките и левичарските екстремисти исто така извршија бомбашки напади во земјата. Минатиот месец бомба експлодира на пешачка улица во Истанбул, при што загинаа шест лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 80 беа повредени. Турција ги обвини забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и групите на сириските Курди поврзани со неа за нападот. Курдските милитантни групи негираат вмешаност.