Твитер ги суспендира сметките на новинарите кои ја покриваат платформата за социјални медиуми и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу нив и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен, Гласот на Америка и други. Компанијата не им објасни на новинарите зошто ги симна сметките и ги снема нивните профили и минатите твитови.
Твитер ја укинува политиката за борба против дезинформации за ковид-19
Но, Маск на Твитер во четвртокот вечерта ги обвини новинарите дека споделуваат приватни информации за неговото место на живеење, кои тој ги опиша како „во основа координати за атентат“. Тој не обезбеди докази за тоа тврдење.