Европската централна банка ја зголеми каматната стапка за 0,5 отсто

Илустративна фотографија

Акциите на европските берзи продолжија да паѓаат откако Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми каматната стапка за 0,5 отсто, најавувајќи дека ќе продолжи со таа политика со цел да се ограничи инфлацијата.

Акциите во еврозоната паднаа за 1,7 отсто.

„Иако самото зголемување беше очекувано и побавно од претходните месеци, оваа одлука беше претставена поостро отколку што очекуваа многумина на пазарот“, рече Бас ван Гефен, стратег за макроекономија во Рабобанк.

Видете и ова: Храната на берзите поевтинува, во Македонија цените растат

Претходно во текот на денот, Банката на Англија и Швајцарската национална банка, исто така, ги зголемија каматните стапки за 50 базни поени во четвртокот, што е повеќе од претходниот пораст од 0,75 отсто, што беше во согласност со очекувањата, посочувајќи дека е можно да бидат потребни дополнителни зголемувања за да се заузда инфлацијата.

Вчера и Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка за 0,5 отсто.

Инфлацијата во 19-те земји кои го користат еврото се намали на 10 отсто во ноември од 10,6 отсто во октомври, што е прв пад од јуни 2021 година. Но, претставниците на ЕЦБ рекоа дека е прерано да се каже дека нејзиниот раст достигнал врв, бидејќи високите цени на енергијата се закануваат да предизвикаат рецесија во Европа.