Бомгартнер - Македонците направија многу отстапки и сега не веруваат на странските ветувања

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Македонците денес не сакаат некој, особено не, амбасадор од голема земја од ЕУ да им објасни како да размислуваат, затоа што луѓето имаат чувство дека многу чекаа, многу отстапки направија и денеска не веруваат во ветувањата и тоа го разбирам и го почитувам. Европа е комплицирана институционална машина и понекогаш одлучувачкиот процес е долг, но мислам дека глобално состојбата се променува и се подобрува, вели францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер.