Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека од почетокот на годинава протокот на илегални мигранти од територијата на Северна Македонија е зголемен за четири пати, а од територијата на Бугарија за 3,6 пати. По посетата на српско-унгарската граница, Вучиќ рече дека од почетокот на годината властите на Србија спречиле речиси 46.000 илегални влезови од Северна Македонија и дека презеле два вида мерки за спречување на илегалната миграција. „Почнавме да ги укинуваме бесплатните визи за одредени земји од кои дојдоа значителен број мигранти. Досега го завршивме со четири земји и тоа Тунис, Бурунди, Гвинеја-Бисао и Индија“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со унгарската претседателка Каталин Новак.
Повторно расте бројот на мигранти низ Македонија по балканската рута
Тој најави дека во соработка со „унгарските и австриските колеги“, надлежните органи на Србија прво ќе работат на „зајакнување“ на границата со Северна Македонија, од каде, како што наведе, доаѓаат најголемиот број илегални мигранти, а потоа и на дополнителни безбедноста на границата со Бугарија.