Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел кој ќе присуствува на денешниот самит на Европскиот совет каде што ќе се расправа за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина изјави дека се надева оти лидерите ќе се договорат за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина. „Силно ја поддржувам таа одлука. Тоа би бил многу важен чекор за земјата, на нејзиниот пат кон исполнување на реформите, но и важен чекор за целиот регион“, рече Борел.
Борел: Кандидатскиот статус за БиХ е порака до граѓаните дека нивната иднина е во ЕУ
Шефот на европската дипломатија во врска со ситуацијата во Косово и за разговорите со Белград и Приштина наведе дека уште еднаш ќе повика на мир и дијалог. „Тоа е единствениот начин за европската перспектива на Косово и Србија. Важно е да се отстранат барикадите и да се посветиме на дијалогот“, порача Борел.