Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се товари. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербалните докази, како и наоди од вештачење, ќе го докажат товарот. Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Зеќири сведочеше против Рашковски за случајот „Софтвери“
„Обвинетиот Мухамед Зеќири извршувал именувана функција генерален секретар на Влада на Република Северна Македонија и како носител на таква државна фунција го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и намерно, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што е предвидено согласно Законот за јавни набавки во Република Северна Македонија, а двете конкретни услуги се однесуваат на вршење на договори за консултантски услуги“, рече обвинителката. Таа појасни дека првиот случај се работи за кнсултантни услуги за реконстуирање на АД Пошта во државна сопственост, а второто за консултантски услуги за поддршка на процесот на потенцијална приватизација на „ЖРСМ Транспорт“ АД Скопје. Таа потсети дека истражната постапка, која покрај обвинетиот Мухамед Зеќири, се водеше и против две други лица државјани на Хрватска, е во прекин, поради нивната недостапност на органите на прогон. Зеќири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.
Проширена истрагата за Зекири за уште еден договор за консултантски услуги
Одбраната на обвинетиот Зеќири во своите воведни зборови денеска кажа дека во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар. „Одбраната во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар, дека во неговите дејствија нема инкриминирачки елементи“, рече адвокатот Владимир Андреевски. Одбраната посочи дека очекува ослободителна пресуда за обвинетиот Мухамед Зеќири.