Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР. Дојави за бомби, според сознанија, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски преку соопштение ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово. Според информацијата станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Де Рада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.
Дојавите за бомби ја кратат наставата - МОН ги остави училиштата сами да се снаоѓаат
Вчера имаше дојави за 15 бомби во училишта. Досега сите дојави за поставени бомби беа лажни.