Руските трупи го засилија темпото на нивните немилосрдни напади врз Бахмут и Авдијевка во регионот Доњецк во Украина, соопшти денеска Генералштабот на украинската војска, додека Москва продолжи да ја напаѓа целата линија на фронтот на исток по главно неуспешниот напад со беспилотни летала врз Киев и смртоносното бомбардирање на Керсон на југ. Генералштабот соопшти дека Русите се обидуваат да ги стабилизираат своите тактички позиции околу Купјанск во источниот регион Харков и Запорожје на југоисток. „Непријателот изврши 31 воздушен напад и 8 ракетни напади врз цивилната инфраструктура на регионот Доњецк, а исто така истрела 61 ракета од повеќе ракетни системи“, соопшти Генералштабот, додавајќи дека заканата од воздушни и ракетни напади на руските војници врз цивилната инфраструктура останува многу висока низ Украина.
Папата повика на скромен Божиќ, а заштеденото да се прати во Украина
На 14 декември, руски беспилотни летала оштетја две административни згради во Киев, но во голема мера беа одбиени од украинскиот систем за воздушна одбрана, додека во новата рунда руско гранатирање на неодамна ослободениот град Керсон загинаа две лица - една жена и 8 годишно момче. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера предупреди дека способноста на Русија да започне „голема офанзива“ може да биде обновена до крајот на јануари или февруари. „Тие дефинитивно сè уште се надеваат дека ќе можат да ги пробијат нашите линии и да напредуваат подлабоко во Украина“, им рече Кулеба на странските новинари во засолништето за бомби во Киев. Последниот бран напади дојде кога украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев прави се што може за да добие помодерни и помоќни противвоздушни системи и оти постигнал важен напредок по ова прашање оваа недела.
Кремљ: американските системи Патриот во Украина би биле легитимна цел
Зеленски го изјави ова откако неколку медиуми цитираа високи американски функционери кои велат дека најавата за плановите на Вашингтон да и го обезбеди ракетниот одбранбен систем Патриот на Украина може да биде објавена денеска. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во меѓувреме, рече дека нема „божиќен прекин на огнот“ и предупреди дека Русија „дефинитивно“ ќе ги смета системите Патриот во Украина за легитимна цел за Русија.