Франција оди во финале, го победи Мароко 2 – 0

Фудбалски меч Франција - Мароко на Светското првенство во Катар

Со победата од 2 – 0 против Мароко во вториот полуфинален меч на Светското фудбалско првенство во Катар, Франција се пласираше во финалето на мундијалот.

Франција поведе со 1 – 0 уште во петтата минута од натпреварот со голот на Тео Хернандез, a конечните 2 – 0 ги постави Коло Муани со гол во 79-тата минута.

Во финалето в недела, Франција ќе се обиде да ја одбрани светската круна против Аргентина, која во првиот полуфинален меч вчера ја поради Хрватска со 3 – 0.

Видете и ова: Полицијата во Франција се подготвува за мечот со Мароко на Светското првенство


Франција е актуелен светски шампион. На претходното Светско првенство во Русија во 2018 година, Франција во финалето ја совлада Хрватска со 4 – 2.