Папата Франциск ги повика луѓето поскромно да го прослават Божиќ, а тоа што ќе го заштедат од намалувањето на трошоците за славење да го донираат на „народ во Украина кој страда“.
За време на својата генерална аудиенција во средата во Ватикан тој повика на конкретен гест за помош на Украина за време на празничната сезона.
Франциск често зборуваше за „мачениците“ во Украина по инвазијата на Русија на 24 февруари. Ватикан организираше хуманитарни пратки во последните месеци.
Видете и ова: Кремљ: ја поздравуваме понудата на Ватикан за посредување„Тие се гладни, им студи, умираат оти нема доволно лекари и медицински сестри“, рече папата.
Во друг божиќен гест, Ватикан оваа недела соопшти дека папата Франциск испратил писма до шефовите на држави ширум светот барајќи од нив да преземат „гест на милост“ за затворениците што ги исполнуваат условите.