Владата го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност. Тој во институцијата има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот, соопштува Владата по одржаната владина седница.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој не е кадар кој може да донесе промени.
„Напротив се ќе биде „како до сега”, а СДС со вакви партиски решенија продолжува да ја срами Македонија“, реагираат од партијата.
На чело на Агенција досега стоеше Виктор Димовски. Тој е кандидат за македонски амбасадор во Франција, но неговото назначување зависи од мислењето на собраниската Комисија за надворешни работи. Таа пак ќе заседава откако Комисијата за надзор на АНБ ќе даде свое видување за случајот со доделувањето на македонско државјанство на Украинецот Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.
Видете и ова: Одземено државјанството на Онишченко, за одговорноста ќе се почекаНа сослушувањето во Собранието, директорот на АНБ, Димовски изјави дека е лоцирано едно лице во институцијата кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за Онишченко нема безбедносен ризик. Но, Димовски вина не виде во себе иако е прв човек на АНБ, која е надлежна да изврши проверка на Онишченко.
Владата ја поништи одлуката за доделување на македонско државјанство на Украинецот Олександр Онишченко, чие име е на црната листа на САД, но одговорните се уште не се казнети.