Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денешното потпишување на барањето на Косово за членство во Европската унија го нарече историски чекор. „Денес е историски ден и историски момент бидејќи 14 декември е значаен датум во современата историја на Република Косово затоа што го означува формирањето на нашата армија и поднесувањето барања за членство во ЕУ. Никогаш немало друга алтернатива за Косово и неговите граѓани. Овој чин е посветен на сите граѓани на нашата земја, но пред се овој момент е посветен на секое дете, жена и маж на Косово“, рече таа.
Курти: Косово неделава ќе аплицира за влез во ЕУ
По потпишувањето на апликацијата за членство во Европската унија, премиерот Албин Курти рече дека ова е првиот чекор кон остварување на „аспирациите и нескршливата посветеност на нашиот народ за мир, слобода, еднаквост и правда, нашата јасна европска и евроатлантска ориентација и социјалната и политички консензус дека иднината се нашите земји во ЕУ“. Курти најави дека апликацијата ќе биде поднесена до претседателството на ЕУ, Чешка, во Прага.