Кремљ денеска соопшти дека американските ракетни одбранбени системи „Патриот“ ќе бидат легитимна цел за руските напади во Украина, доколку САД одобрат да бидат испорачани за поддршка на Киев. Вашингтон ги финализира плановите за испраќање на ракетниот одбранбен систем „Патриот“ во Украина, одлука што би можела да биде објавена оваа недела, изјавија вчера тројца американски претставници за Ројтерс.
Експлозии го потресуваат Киев, САД размислуваат за испраќање „Патриот“ во Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „Патриотите“ „дефинитивно“ ќе бидат цел на Русија, но дека нема да коментира непотврдени медиумски извештаи. Патриот се смета за еден од најнапредните американски системи за воздушна одбрана. Обично вклучува лансери заедно со радар и други возила за поддршка. Пентагон вели дека неодамнешниот пораст на руските ракетни напади во Украина е делумно дизајниран да ги исцрпи резервите на Киев со воздушна одбрана за да може да доминира на небото над земјата. Поради таа причина, Соединетите држави и нивните сојузници обезбедуваат повеќе воздушна одбрана за Киев.