Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека неговата сопруга инвестирала сопствени пари во изградба на фотоволтаична централа, а тоа било пријавено во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија - ДКСК пред да дојде на сегашната функција.
„Согласно Закон за трговски друштва и согласно законските регулативи во државата секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства и сето тоа е пријавено во сите надлежни институции, во Антикорупциска, со сите податоци и тие се јавно достапни“, рече Ковачевски.
Претходно портали објавија дека сопругата на Ковачевски, Елена влегла во бинзисот со фотоволтаици. Тоа, како што рече премиерот, го направила без негова помош.
„Зошто би имала моја помош да инвестира средства“, рече Ковачевски.
Во врска со корупцијата и соработката со САД, тој рече тоа е дел од стратешкака соработка меѓу двете земји.
„Ние на ова гледаме како на продолжување на партнерскиот однос којшто го имаме со САД со цел градење на држава која ќе стане земја членка на ЕУ, а со самото зачленување во ЕУ владеењето на правото и борбата против корупцијата се издигаат на највисоко ниво“, рече Ковачевски.
Видете и ова: Американски тим во Македонија за поагресивно истражување на корупцијаАмбасадата на САД во земјава претходно најави дека Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани учесници и сегашни и минати.