Русија денеска го отфрли наводниот мировен предлог од три чекори на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека Киев треба да ги прифати новите „реалности“. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека напредокот нема да биде можен без да се земат предвид овие реалности, вклучително и руското заземање територии од Украина.
Г7 размислува за дополнителна противвоздушна одбрана за Украина
Тој ова го кажа по барањето на Зеленски до лидерите на силите на Групата седум во понеделникот за повеќе воена опрема, поддршка за финансиската и енергетска стабилност и поддршка за мировно решение што ќе започне со повлекување на трупите од Русија од Украина. Русија постојано вели дека е подготвена да одржи мировни преговори, но дека не ги гледа Украина и Западот кој го снабдува Киев со оружје, подготвени да го сторат тоа. Украина пак наведува дека Русија мора да ги запре нападите и да се повлече од целата територија што ја има окупирано.